За нас

Искуството нé научи дека квалитетот на виното е најважен и затоа значително инвестиравме во нашата винарска визба. Водени од љубовта кон Македонија и визијата да создадеме вино препознатливо на светско ниво, денес Тиквеш е винарска визба која ги следи современите светски трендови. Произведуваме вино во кое уживаат и добрите познавачи на виното, но и оние што штотуку ја откриле убавината на овој пијалок. Веруваме во градење на одржливи партнерски односи со нашите добавувачи и деловни партнери и постојано се стремиме кон подобрување на квалитетот на нашите производи.