Една мудра изрека од анонимен автор вели: „Готвам со вино, а понекогаш дури и го додавам во храната што ја подготвувам“. Но, за да се збогати целокупното гастрономско доживување, виното секако треба да се пие со соодветна храна.
При комбинирањето на храната со вино треба да се земе во предвид вкусот на храната, начинот на кој е приготвена и зачинета, како и тежината на самото јадење. Следните предлози претставуваат водич за комбинирање на одредени видови храна со вина кои ние сметаме дека соодветно го надополнуваат нејзиниот вкус.