Tikves

Француски финиш за врвните македонски вина

Винарската визба Тиквеш го ангажираше светски познатиот енолог Филип Камби да работи на развој на нови висококвалитетни вина наменети за интернационалниот пазар. Камби е еден од петте врвни енолози во светот, со долгогодишно искуство во соработката со повеќе светски познати винарии.

Винарската визба Тиквеш го ангажираше светски познатиот енолог Филип Камби да работи на развој на нови висококвалитетни вина наменети за интернационалниот пазар. Камби е еден од петте врвни енолози во светот, со долгогодишно искуство во соработката со повеќе светски познати винарии.
- За мене овој ангажман во ВВ Тиквеш претставува огромно задоволство, но воедно и уникатно искуство. Вината на Тиквеш за мене се вистинско изненадување. Целиот свој работен век го посветив на создавање на врвни, неповторливи вина, чиј вкус никогаш нема да го заборавите или помешате со некој друг. Од она што го видов и вкусив, вината на ВВ Тиквеш имаат доволно потенцијал, уникатни карактеристики и квалитет за да се носат и со најпознатите светски вина. Мојата задача, заедно со другите енолози во ВВ Тиквеш, е да им дадеме уникатна и неповторлива завршница на која нема да можат да и одолеат и најпребирливите консументи на виното, а воедно ќе продолжат да ја раскажуваат приказната за Тиквеш и Македонија“, истакна Филип Камби. 
Камби потекнува од Јужна Франција, а неговата фамилија традиционално се занимава со винарство. Дипломирал прехранбен инженеринг и енологија. Од 1998-та година работи во престижниот Институт за вино, кој соработува со 10 енолошки лаборатории во Франција и има 150 експерти кои работат на оваа проблематика. Како енолог соработува со повеќе врвни светски винарии, признати на интернационалниот пазар. Во неговиот пристап кон виното карактеристичен е по тесната соработка со винариите и инсистирањето вината на кои работи да го содржат оригиналниот вкус и карактеристика на поднебјето. 

<< Назад кон вести