Нашата винарија
Винарската визба Тиквеш е сместена во срцето на Тиквешкото виногорје, најпознатиот лозарски регион во Македонија. Токму на ова место медитеранската клима од југот ги среќава континенталните ветрови кои доаѓаат од север, при што се создаат одлични услови за производство на грозје од кое се добиваат темпераментни, комплексни вина богати со овошни ароми.
Распространета на површина од 100 000 м², Винарската визба Тиквеш има 350 вработени и претставува најголема винарска визба во Македонија. Годишно, околу 30 000 тони грозје се преработуваат во нашата винарска визба, а производите се продаваат во Македонија и во повеќе од 15 странски земји.